Трагедија на македонските патишта: Загина лице на патот Охрид-Ресен

од Nikola Popovski
109 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Охрид – Ресен, кај село Куратица. Едно лице го загубило животот во сообраќајката меѓу мотоциклист и автобус, која се случила околу 20 часот.

Според информациите, мотоциклистот се судрил со автобусот и од здобиените повреди починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата. Сообраќајот на магистралниот пат бил во прекин два часа.

Повеќе детали за трагичниот настан се најавуваат за денеска.