Брод со 20 мртви лица, меѓу кои и две деца, е пронајден на километар и половина од островот Гранд Турк во Атлантскиот океан, објавија властите во неделата од островите Туркс и Каикос.
Официјални лица изјавија дека истражителите ја отфрлиле можноста за насилна смрт, но тие сепак се обидуваат да утврдат што се случило, пренесува агенцијата АП, пишува Танјуг.
Идентитетот и потеклото на жртвите исто така се испитуваат.
Рибарите го забележале малиот брод во четвртокот наутро и го предупредиле поморниот огранок на полициските сили на Островите Туркс и Каикос, кои го извлекле бродот на брегот. Полицискиот комесар Тревор Ботинг изјави дека бродот се појавил надвор од Карибите.
Островите Туркс и Каикос честопати се „магнет“ за очајните Хаитијци кои сакаат да побегнат од својата земја погодена од сиромаштија.