Девет лица починаа во болница во Владикавказ на југот на Русија по дефект во цевката за кислород, објави прес -службата на шефот на регионот.
Тие наведоа дека во одделот за интензивна нега има 71 лице, пренесе „РИА Новости“.
Исто така, беше објавено дека почнале да даваат кислород од резервни боци.