Страшна трагедија се случила во Лион, Франција, кога воспитувачка (26) убила единаесетмесечно бебе бидејќи не престанувало да плаче.
Тоа го направила со нагризувачко средство за чистење одводи, а како што тврди адвокатот на одбраната, немала таква намера, туку само сакала да го смири бебето.
– Бебето плачело, сакала да го смири, но не можело да се смири. Направила несреќна и несмасна грешка со тешки последици – изјавил адвокатот на обвинетата, нагласувајќи дека не знаела дека се работи за отровен производ.
На почетокот не се знаело дека тоа е причината за смртта на единаесетмесечното бебе, бидејќи само било пријавено дека починало.
Работниците на итната помош го пронашле бебето во лоша состојба и го однеле во болница, каде продолжила реанимацијата, но ништо не можело да се направи.