Трагедија во Хјустон: Бебе се удавило во полна када откако било заборавено таму

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Пред неколку дена се случила трагедија во семејна куќа во југозападен Хјустон.

Бебе се удавило во када откако неговата мајка наводно оставила тинејџер да внимава на него додека готви вечера.

Според американските медиуми, 14-годишното момче излегло од собата за да седи на компјутер, но наводно заборавил на бебето во кадата. Водата во тоа време продолжила да тече.

Дури кога мајката отишла да го провери бебето, открила дека детето не реагира во кадата полна со вода и веднаш повикала 911.

Полицијата и болничарите пристигнале за кратко време, но бебето не можело да биде спасено.

Слични содржини