Трагедија во Италија: Девет лица загинаа при пад на кабина од жичарница

од Nikola Popovski
390 прегледи

Девет лица починале, а две деца се тешко повредени, при пад на кабина на жичарница во Италија.

Инцидентот се случил во регионот на Северен Пиемонт, на жичарницата Стреза-Алпино-Мотароне.

Две тешко повредени деца биле пренесени со хеликоптер во болница во Торино.

Како што објави „Раи њуз24“, кабината паднала од висина од 100 метри, на врвот на планината Монтероне, која има надморска височина од 1.500 метри. Тоа е највисоката точка на трасата на оваа жичница и се сомнева дека кабината паднала затоа што го олабавила носечкиот кабел.

Несреќата се случила непосредно пред крајот на патувањето, кое нормално трае околу 20 минути, во близина на последната станица. Засега не е сигурно колку луѓе имало во кабината, чиј капацитет е 40 лица. Жичарницата беше отворена за посетители неодамна, на 24 април, откако беше затворена подолго време поради ограничувања во борбата против коронавирусот.

Фото: Vigili del Fuoco

Слични содржини