ТРАГЕДИЈА ВО КИНА: Се урна Боинг 737 со 133 патници (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Авион со 133 патници на China Eastern Airlines се урна денеска во југозападна Кина, јави кинеската државна телевизија, пренесоа светските агенции.

Боинг 737 се урна недалеку од градот Вужоу во регионот Гуангкси, што „предизвика пожар“ во планините, јавува CCTV, додавајќи дека е започната спасувачка операција.

Кинеската државна телевизија наведува дека авион со 133 патници од Кунминг до Гуангжу доживеал „незгода“ во регионот Гуангкси.

Засега не е познат бројот на жртвите, објави CCTV.

Слични содржини