Кобна несреќа во Марибор, Словенија, се случи кога две малолетнички правеле „селфи“меѓу две пруги, додека доаѓал воз. Едната била усмртен на лице место, а другата успеала да отскокне, но поради шокот завршила во болница, пренесуваат медиумите.
Девојчето (14), кое почина во вторникот, и нејзините врсници се фотографирале помеѓу шините долж железничката платформа пред возот што доаѓал со голема брзина од правецот на Љубљана. „
Возачот на локомотивата предупредувал со звучни сигнали за опасноста, на што малолетничките не реагираа“, го опиша трагичниот настан полицискиот портпарол Миран Шадл во изјава за медиумите.
Според него, едното девојче избегало само во последен момент, но другото не успеало, па починало на лице место.
Истрагата сè уште трае, но сомнежите за самоубиство или туѓа вина во несреќата се веќе отфрлени, а можната одговорност на машиновозачот е исклучена. Како што дознава мариборскиот весник „Вечер“ од извори блиски до полицијата, истражителите се прашуваат дека трагедијата можеби не е резултат на некој опасен предизвик за кој подоцна тинејџерите се фалат како нивен потфат на социјалните мрежи.