Трагедија во Тетовско: Мајка и четиригодишно девојче пронајдени мртви

од Илинка Илиоска
36 прегледи

Во тетовското село Слатино, попладнево биле пронајдени телата на четиригодишно девојче и нејзината 38-годишна мајка. Според досегашните информации, на телата на жртвите се забележани траги од насилство, додека таткото на семејството е пренесен во болница во сериозна состојба.

Во моментов нема дополнителни информации за околностите на трагедијата. Полицијата врши увид и се очекуваат подетални и официјални информации за настанот.

Слични содржини