ТРАГЕДИЈА ВО Торино: Жителите во шок по падот на кран во кој загинаа три лица (ВИДЕО)

од Берта Китинска
372 прегледи

Три лица загинаа, а тројца се повредени кога утринава се урна кран во италијанскиот град Торино. Оштетена е и зградата до која се наоѓала кранот, како и автомобилите кои биле паркирани пред него.

Според „Кориере“, две лица загинале на местото на несреќата, а третото е пренесеново болница. Уште еден работник е тешко повреден во болница, а се тврди дека е државјанин на Босна и Херцеговина. Во болницата има уште двајца минувачи, маж (33) и жена (61), но тие не се во животна опасност.

Засега се уште трае официјалната истрага, по што треба да се знае причината за несреќата. Сепак, се шпекулира дека причината е грешка во изградбата на самиот кран. Друга теорија е дека бетонот под него попуштил и како резултат се урнал.

Слични содржини