Еден човек загина, а неколку други се повредени откако „воз на смртта“ кој се движел со брзина до 56 км/ч излетал од шините, пишува DailyMail.
Трагедијата се случила во забавниот парк Грона Лунд во Стокхолм.
– Го испразнивме паркот и почнавме истрага – изјави портпаролот на полицијата.
„Возот на смртта“ со челични шини достигнува брзина до 56 км/ч и висина од околу 30 метри, превезувајќи повеќе од милион посетители секоја година, објави забавниот парк на својата веб-страница.
– Се случи тешка несреќа на „џетлајнот“. Соработуваме со спасувачките служби. Паркот засега е затворен – стои на страницата на забавниот парк.
Очевидци за јавната телевизија СВТ изјавија дека „возот на смртта“ делумно излетал од шините.
– Имаше многу врескање. Никој не знаеше што се случува – изјавила Корнелија која била на возење со синот и додала дека луѓето во еден момент едноставно почнале да трчаат.