Трик Ерик Ронер загинал при скок со падобран. Инцидентот се случил во близина на езерото Тахо, Калифорнија вчера, објави nbcnews.com.

39-годишниот Ронер правел шоу за време на голф турнир, кога удрил во дрво, се наведува во соопштението на локалниот шериф Едвард Бонер, и загинал на самото место. Останатите учесници во шоуто слетале успешно на земјата. Ерик Ронер е исклучително популарен меѓу навивачите на екстремни спортови.Учествувал во преносот на MTV “Nitro Circus”, каде демонстрира различни трикови на земјата и во воздух.
“Ние, во MTV и MTV2 сме тажни за веста за смртта на Ерик. Нашите срца се со пријателите и семејството на Ерик”, изјавија од музичкиот телевизиски канал.