Трагичен инцидент на изборите во Хрватска: Маж починал на избирачко место во Риека

од Илинка Илиоска
101 прегледи

Вонредна ситуација се случила на претседателските избори во Хрватска откако маж ненадејно починал на избирачко место во Риека.

Избирачкото место веднаш било затворено, а гласањето било прекинато до завршување на постапката за отстранување на телото.

После тоа, избирачкото место повторно ќе биде отворено за гласање.
Денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска носи одлука меѓу двајца кандидати Зоран Милановиќ и Драган Приморац.