Телата на Горан, Гордана и Лидија Ѓокиќ, по кои се трагаше неколку дена во Србија, биле пронајдени претходно денеска, а најверојатно се работи за убиство. Две од трите тела беа целосно јагленисани, а постојат одредени претпоставки за можен напаѓач, кои се уште не се потврдени.
Телата на тричленото семејство, по кои се трагаше од неделата, биле пронајдени порано денеска, откако за првпат бил лоциран нивниот автомобил „Пасат“, кој бил запален. Набргу потоа, телата билепронајдени.
Како што дознаваат српските медиуми, две тела биле целосно јагленисани, додека третото имало изгорено лице. Затоа постои сомневање дека фамилијата Ѓокиќ биле запалени по убиството.
Според изворот на порталот Нова.рс близок до истрагата, семејството Ѓокиќ биле идентификуван по својот накит, а постојат и извесни информации.
„Постојат одредени претпоставки за сторителот на делото. Постои сомневање дека се работи за личност која ја напуштила земјата “, вели изворот на српска „Нова“.
Фото: J. Ćosin