Трајанов до наставниците и полицајците: Да го срушиме овој режим, кој Ве тероризира и Ве присилува да одите на митинзи!

од desk3
151 прегледи
Денес, во Ѓорче Петров, Павле Трајанов, носител на листата за пратеници во првата изборна единица, на прес конференцијата се обрати најпрво до припадниците на полицијата.
„Загрозена е стабилниста на државата, со изборите владејачките партии се обидуваат да го прикријат криминалот, злоупотребата на системите за прислушкување и фалсификување на волјата на граѓаните”
dsc_0034
Во 91/92 заедно спасивме 12.000 млади регрути да заминат на туѓ фронт, ги обезбедивме границите, остваривме ефективна контрола над целата територија на Македонија, ја принудивме ЈНА да си замине и несебично се вградивме во изградбата на самостојна и независна Македонија.
Сега повторно е време за храбри луѓе и храбри одлуки, затоа ве повкувам да направите се за да имаме услови за фер, демократски и кредибилни избори.
dsc_0036
Бидете со народот, бидете со нас, за после 11-ти декември да обезбедиме стабилност, за да се врати мирот и спокојството во секој дом, во секое е семејство.
Само со промена на власта ќе се отворат перспективи  за да младите останат овде во Македонија.
dsc_0043
Граѓаните се под притисок на власта, не се чувствуват безбедни, постои  неизвесност и стравување за иднината на државата.
Секојдневно се вршат  провални кражби во станови, сериозно е загрозена личната  безбедност на граѓaните и затоа ќе ги вратиме полицајците да бидат помеѓу граѓаните.
dsc_0054
Знам дека сите заедно ќе го срушиме режимот. Ајде приклучете ни се и да ги испратиме криминалците каде што  им е место.
Се обраќам и до сите просветни работници, до професорите.
dsc_0057
„Вие сте инелектуалната сила која ги образува и воспитува младите, учениците и студентите. Ве повикувам, да ни се приклучите и да го срушиме овој режим, кој секојдневно ве тероризира и Ве присилува да одите на митинзи. Колицијата за Промени и Правда е со Вас, има услови и тоа го заслужувате, да имате двојно повисоки плати, а екстерното тестирање ќе го укиниме”, нагласи Павле Трајанов.