Владата нема да организира референдум во врска со францускиот предлог, вели во разговор за „Локално“, претседателот на Демократскиот сојуз, Павел Трајанов одговарајќи на прашањето дали доколку Владата одлучи да организира референдум и граѓаните се изјаснат против францускиот предлог, би се почитувала волјата на граѓаните, доколку секако би имало цензус.
Според него, наместо референдум, Владата односно партиите и пратениците можат да одат на предвремени избори и да бараат поддршка од граѓаните.
-Преговарачката рамак доби поддршка од 68 пратеници,по што Владата даде согласност на “пакетот”, за Меѓувладината конференција и започнување на скрининг процесот, кој треба да трае околу 1,6 година, период во кој треба да се внесат Бугарите во Уставот и да се имплементираат обврските дефинирани во протоколот.Формално правно за започнување на преговорите и отворањето на кластерите треба да се одрази на нова Меѓувладина конференција помеѓу Македонија и ЕУ.Наместо референдум, Владата односно партиите и пратениците можат да одат на предвремени избори и да барат поддршка од граѓаните,меѓу другото и за преговарачката рамка и политиките кои ги имплементираат, смета Трајанов.
Тој посочува дека се уште постојат дилеми и контраверзии околу можен референдум, посебно како што вели тој за „што ќе се однесува, кога ќе биде организиран, дали ќе биде успесшен и какви ефекти и последици ќе има врз евроинтеграциските процеси“ .
-Имаме сериозни резерви за референдум,посебно што досега се неуспесшни.Демекрстскиот сојуз предлагаше референдум за преговарачката рамка,но само доколку Парламентот донесеше одлука со поширок консензус и таквата одлука да оди на проверка кај граѓаните (референдум).Засега е многу рано да имаме конечен став,но да почекаме како ќе се развиваат процесите.Но, веќе реков дека Владата нема да организира референдум.
Од ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од идејата граѓаните преку референдум да го искажат своето мислење за преговарачката рамка со Бугарија и за тоа дали треба да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите во него.
-Има една чудна состојба, а тоа е противници на ваквото референдумско изјаснување на граѓаните е власта и оние инсталации на власта во опозицијата. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозицијата и самата власт. Но откако го поддржаа оној лист хартија во Собранието имам дилема дали се воопшто во опозиција или се резервна варијанта или базен за пратеници на власта. Тука веќе имам јас дилема каде тие припаѓаат. За да се идентификуваат себеси како опозиција треба во јавноста да излезат со ставови со кои ќе ја критикуваат власта.Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите, со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумо- задолжителна, консултативна, кога би се оддржал тој референдум, кој би го поднел, дали пратениците, дали тоа ќе бидат 150 илјади граѓани , дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка кој што се повикува на билатералниот договор со Бугарија и изворот на проблемите, а тоа е Протоколот. Тоа се работите кој што треба да го заштитат македонскиот идентитет, изјави Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ.
За партиите на Албанците во опозицијата, Мицкоски вели дека е во дилема, дали се уште се во опозиција, со оглед на поддршката на францускиот предлог при гласањето во Собранието.
Од владејачката СДСМ, кои сметаат дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица се единствените кои сакаат референдум.
-Христијан Мицкоски призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ и немаат поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си. Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните, пишува во реакцијата од СДСМ.
Б.М.