Трајанов: Процесот на радикализација зависи од почетното воспитување, се работи на препознавање на раните знаци

Европската унија го подготвува новиот Заеднички акциски план за спречување и справување со тероризам и насилен екстремизам за Западен Балкан, вели Трајанов за „Локално“.

од Бисера Трајковска
0 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Националниот координатор за борба против тероризам и насилен екстремизам Павле Трајанов за „Локално“ вели дека процесот на радикализација зависи од самото почетно воспитување од страна на семејството. Тоа е првиот чекор, а потоа влијание има средината и образовниот систем.

Како што информираше, во моментот се разработуваат стандардни, оперативни процедури, како да се препознаат рани знаци на радикализација.

-Ова се имплементира во училишта во неколку општини. Постојат локални и мултидисциплинарни тимови, составени од педагози, Центри за социјална работа и полиција. Се проверува и соодветно се реагира ако има елементи на појава на знаци кај неколку деца во училишта, вели Трајанов.

Најави дека Европската унија го подготвува новиот Заеднички акциски план за спречување и справување со тероризам и насилен екстремизам за Западен Балкан.

Исто така, формирана е и работна група, која што треба да подготви Закон за следење на онлајн радикализација.

Б.Т.