302
Во своето гостување во „Топ тема“, лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, посочи и аргументираше зошто е против Законот за воведување на етничка графа во личните карти.
„Поделбата на колективните права постои во формуларните и пополнување на барањата. Во документите не треба изјаснување по етничка основа, освен ако не сакате да заштитите колективни права. Прашањето е дали од ова Законско решение ќе има бенефит за државата, или ќе донесе нови поделби и проблеми. ВМРО ДПМНЕ мислат дека ќе има реакција од Грција по основ на нагласување на припадноста „Македонец“, но се во заблуда бидејќи тоа нема да влијае на Договорот од Преспа“, истакна Трајанов.