Трајанов за Слободен печат: Во криминалот се вклучени високи функционери

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој најавува   самостоен настап  на претстојните парламентарни избори  во интервју за „Слободен печат“ вели дека  Македонија е длабоко криминализирана држава, а  посебно феномен е институционалниот криминал, во кој се вклучени носители на високи политички, јавни и државни функции. Криминалот полека станува „вредносна категорија“, а не зло кое го разорува целокупниот систем и со кое треба на ефикасен начин да се справиме.

Целосна имплементација на проектот за декриминализација „Војна против криминалот“, во кој имаме конкретни решенија и тоа: конфискација на имот стекнат на криминален начин и забрана за политичко дејствување на тие што ја злоупотребиле довербата на граѓаните. Имаме и сила и знаење како тоа да го направиме. Проценка е дека од 2000-та година наваму, годишно се одлеваат од 80-100 милиони евра од Буџетот на државата, како и од Буџетите на општините и ЈП, во приватни џебови. Тоа мора да го запреме, тоа е столбот на нашата Платформа. Тоа е основа за обезбедување на фондови за младите и креативни кадри, за развој на спортот, уматноста и културата – вели Трајанов за Слободен печат

Трајанов на избори наспроти Груевски, со повик за нова политичка платформа за обединување

Граѓаните сакаат праведно општество, демократија, да живеат од сопствениот труд. Секој кој е за тие принципи вратите му се отворени за соработка – порачува лидерот на демократскиот сојуз.

????????????????????????????????????