Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски, денеска соопшти дека ќе воспостави вистинска транспарентност и отчетност во трошењето на народните пари. Граѓаните, како што вели, имаат право да знаат каде оди секој денар и како се носат одлуките што директно влијаат врз нивниот живот.
-Ќе воведам јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес. Во исто време, ќе овозможиме дигитални алатки за вклучување на граѓаните – платформа преку која секој ќе може да поднесе предлог, да пријави проблем или да добие одговор на своето прашање, посочи Трајановски.
-Јавно ветувам нула толеранција кон корупцијата во локалната самоуправа. Секој денар ќе биде потрошен транспарентно, законски и исклучиво во интерес на граѓаните на Аеродром. За Општина Аеродром што работи чесно, транспарентно и во служба на граѓаните!, додава Трајановски.