Трајановски повторно во битка за градоначалник на град Скопје?

од Nikola Popovski
258 прегледи

Претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски се споменува како едно од имињата на ВМРО-ДПМНЕ, за кандидат за локалните избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.

-Има и други можни кандидати кои, според него, лесно би го победиле Шилегов, изјави Мицкоски.

Тој повтори дека очекува сериозна победа во 15-те општини за чии кандидати зборуваше.

Трајановски пред да стане градоначалник на Скопје беше градоначалник на Општина Гази Баба, а на претходните локални избори во 2017 година не успеа да извојува трет мандат на чело на главниот град, затоа што беше поразен од Шилегов.

Слични содржини