По дадениот предлог на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, скулптурите и спомениците од „Скопје 2014“ да бидат поствени во парк во расчистената депонија во Ѓорче Петров , следеше рекација од поранешниот градоначалник Коце Трајановски.
-Порака до Петре Шилегов,Петре не си играј со македонскиот идентитет. Тој не е од 1944 година како што се обидувате да ја фингирате историјата.Македонскиот идентитет е стар милениуми.Тие споменици за тебе и тие што ве донесоа на власт се само бетон, мермер и бронза а за македонецот се доказ за неговато милениумско постоење.
Сте се фатиле за нив затоа што тие ја прераскажуваат македонската историја низ милениумите.Откажи се од идејата да преселуваш споменици додека не е доцна, додека на народот не му пукне филмот од вашите предавства и после ќе ви биде доцна.Ви препорачувам да не правите раздор меѓу народот и не потикнувате омраза кон македонскиот народ, пишува на својот Фејсбук Коце Трајановски.