Намалувањето на дневните броеви на државно ниво – барем на прв поглед – засега продолжува. Седумдневната подвижна средина (зелената линија на првиот дијаграм) сé уште се спушта надолу, иако сé помалку убедливо. Репродукцискиот број Rt, зависно од временската рамка (7, 14 или 20 дневна) изнесува околу 0,96. Тоа е многу блиску до единица и ова намалување како да виси на конец – мала пореметување на рамнотежата по влегувањето на омикрон сојот – и бројките можат одново да започнат да растат, стои во новата статиситка на проф.Дејан Трјаковски во својата нова ковид анализа.
-Се разбира, ова не значи дека истото ќе се повтори и на северната земјина полутопка, особено во земјите со релативно ниска прележаност. Ќе ја следиме ситуацијата во Велика Британија и Данска, но и таму засега леталитетот е на ниво на ЈАР иако е прерано за заклучоци бидејќи бранот е сé уште на почеток.
Во Македонија прележаноста е на ниво од околу 2/3 во однос на прележаноста во ЈАР, а со вакцинираноста стоиме подобро од нив. Иако неминовно ќе видиме висок бран на нови случаи, можно е прележаноста да си го стори своето (слично како во ЈАР), па јануарско-февруарскиот бран сепак да не донесе премногу хоспитализации и смртни случаи.
Ако досега сме имале само околу илјада случаи на реинфекција (0,4% од досегашните лабораториски потврдени случаи), а во случајот на омикрон сојот реинфекциите се движат до 7%, тоа сепак нема да значи претерано високи бројки, односно околу 15.000-20.000 нови случаи во рок од 2 месеци, колку што би траела главнината од бранот. На овие броеви треба да се додадат и очекуваните дваесетина илјади нови случаи од делта сојот, коишто веројатно ќе бидат заменети со случаи од омикрон сојот. Значи, не повеќе од 50.000 нови случаи до пролетта.
Ладното време и собирањето во затворени простории секако ќе ги направи работите полоши отколку во ЈАР, но споменатата стапка на реинфекции (па макар била и двојно повисока) сепак влева одредена сигурност. Изгледа дека ќе имаме повеќе среќа отколку памет, гледајќи дека нашите здравствени власти воопшто немаат намера да се спротивстават на претстојниот бран на омикрон сојот, пишува Трајковски.