Трајно намалени цени на најбараните и најкупуваните производи од потрошувачите: „БАРАЈ ДОМАШНО, КУПУВАЈ НАЈЕВТИНО!” ВО ЖИТО МАРКЕТИ

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Трајно намалени цени на над петстотини производи од секојдневната потрошувачка кошничка – е целта која пред себе си ја поставија во Жито Маркети за оваа пролет. Во годината кога овој национален малопродажен синџир слави три и пол децениски јубилеј постоење, една од клучните работи на што ќе посвети посебен фокус, како што велат оттаму, е зацврстување на врските со заедницата низ општествено одговорни акции, каде што, секако, влегуваат и политиките на креаирање најповолни цени за потрошувачите.

„Барај домашно, купувај најевтино!“ е првата активност која од пред некој ден веќе започна да се реализира во сите продажни објекти на Жито Маркети. Во суштина, станува збор не само за замрзнување на цените, туку за нивно намалување на подолг рок и тоа на групи на производи и на продукти коишто се најбарани и најкупувани од потрошувачите.

– Следејќи ги глобалните економски случувања, но, секако и пазарот и политиките на цените во нашата држава, решивме да внесеме поинаков тренд – и во нашето работење, но и во функцонирањето на целиот малопродажен сектор на стоки за широка потрошувачка – а тоа е намалување и замрзнување на цените на голем број намирници што секојдневно се купуваат. Најнапред, тоа се околу 300, за многу бргу да стигнеме до крајната цел – над 500 селектирани производи со уверливо најниска цена на пазарот, – велат од менаџментот на Жито Маркети.

Првите луѓе на овој малопродажен ланец со близу 70 маркети ширум земјава, нагласуваат дека избраните производи со намалена цена нема да се покачуваат, а во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и на другите ресурси, тие може да останат на исто намалено ниво или да бидат пониски.

Во рамките на одбележувањето на 35 години од своето постоење, одговорните во Жито Маркети најавуваат уште неколку општествено-одговорни проекти што ќе ги спроведува компанијата, како продолжение на досегашните активности, преку кои ја демонстрираат својата грижа за заедницата, особено за најранливите категории граѓани. “Сакај домашно, барај најевтино!” е главниот дел од таа поширока општествена одговорна активност за зацврстување на релациите со заедницата со креирање на најповолна ценовна политика на пазарот.

– Во таа смисла, сите одговорни компании, особено во сегментот на малопродажбата на стоки за широка потрошувачка, ќе треба да најдат начин да вратат вредност кон заедницата, во период на глобални предизвици за недостаток и производство на храна и на нестабилни цени и ценовни шокови, – истакнуваат во Жито Маркети.

Од компанијата ги повикуваат и другите економски оператори во малопродажбата за приклучувањето на трендот што го креираат Жито Маркети за перманентно и континуирано намалени цени на клучни производи за секојдневна употреба, на најбраните групи производи од потрошувачката кошничка. Сега е вистинскиот момент, кога треба да покажеме дека се грижиме за своите купувачи, посочуваат од Жито Маркети.

Слични содржини