Трамп: Евреите кои гласаат за Демократската партија го мразат Израел

од Симе Стоиков
197 прегледи

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека сите Евреи кои гласаат за Демократската партија „го мразат Израел“.

„Навистина мислам дека го мразат Израел. Секој Евреин што гласа за демократ ја мрази својата религија. Тие мразат сè за Израел и треба да се срамат“, рече Трамп, пренесува Политико.

Тој го кажа ова додека ги коментираше критиките што истакнати демократи ги упатија кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради војната во Појасот Газа.

Извршниот директор на еврејската група „Лига против клеветата“ ја оцени изјавата на Трамп како „клеветничка“, Белата куќа како „токсична“, а предизборниот тим на американскиот претседател Џозеф Бајден го обвини Трамп дека „ги напаѓал еврејските Американци во период на растечки антисемитизам“.

„Единствената личност која треба да се срами е Доналд Трамп. Тој отворено ги понижува американските Евреи и наводно мисли дека Хитлер направил некои работи добро“, изјави портпаролот на кампањата на Бајден, Џејмс Сингер.

Слични содржини