Трамп бара да бидат отфрлени сите судски процеси против него

од Milan1
35 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска повика да бидат отфрлени сите судски процеси против него, откако судија на Флорида го отфрли случајот против него за наводно лошо постапување со строго тајни документи.

„Отфрлањето на незаконското обвинение во Флорида треба да биде само првиот чекор, по што брзо ќе следи отфрлање на сите ловења на вештерки“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Инаку Федерална судијка денес го отфрли обвинението против Трамп за кривичното дело поврзано со неговото несоодветно чување на доверливи владини документи на неговиот имот во Мар-а-Лаго, откако тој ја напушти функцијата.

Судијката Ајлин Канон од Флорида, која беше номинирана од Трамп, заклучи дека специјалниот обвинител Џек Смит е незаконски назначен на функцијата и нема овластување да го отповикува Трамп.

Слични содржини