Трамп: Денес е добар ден за разговори меѓу претставниците на Русија и Украина

од Milan1
25 прегледи

По пристигнувањето во Рим за да присуствува на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Трут Сошал дека „денес е добар ден за разговори и средби меѓу претставници на Русија и Украина“.

„Добар ден за разговори и средби со претставници на Русија и Украина. Тие се многу блиску до постигнување договор и сега двете страни треба да се состанат на многу високо ниво за да ја завршат работата. Поголемиот дел од клучните точки веќе се договорени. Запрете го крвопролевањето, веднаш. Ќе бидеме каде и да е потребно за да помогнеме да се стави крај на оваа сурова и бесмислена војна“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Трамп и Зеленски се сретнаа во пресрет на погребот на папата Франциск, што беше потврдено и од американската и од украинската страна, објави Танјуг.