Трамп до своите поддржувачи: Господ ме спаси, мора да останеме обединети

од Илинка Илиоска
59 прегледи

Доналд Трамп им се заблагодари на своите поддржувачи за „мислите и молитвите“ што му ги испраќаат, обраќајќи и се на јавноста по вторпат по обидот за атентат на митингот во Пенсилванија.

„Само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме, туку наместо тоа ќе останеме издржливи во верата и пркосни пред злобата“, напиша поранешниот претседател во објавата на социјалната мрежа „Truth Social“, пренесува „CNN“.

Тој рече дека се моли за оздравување на ранетите во нападот и додаде дека во нашите срца „го чуваме споменот на еден толку страшно убиен граѓанин“.

Тој посочи дека сега е поважно од кога било „да останеме обединети“.

„Навистина ја сакам нашата земја и ве сакам сите вас, и со нетрпение очекувам да разговарам со нашата голема нација во Висконсин оваа недела“- рече Трамп.

Републиканскиот претседателски кандидат беше застрелан во увото со полуавтоматска пушка за време на митинг во Пенсилванија.

Едно лице од публиката загина, а две се повредени.

Припадниците на Тајната служба го ликвидирале атентаторот, кој е идентификуван како 20-годишен млад човек, регистриран републиканец, од Пенсилванија.

Слични содржини