Трамп ги нарече анкетите што покажуваат пад на неговиот рејтинг „лажни“: Тоа се криминалци

од Milan1
23 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги критикуваше анкетите што покажуваат пад на неговиот рејтинг на одобрување, нарекувајќи ги „лажни“ и велејќи дека треба да се „истражат“.

Трамп во објава на својата веб-страница изјави дека анкетата на „Њујорк тајмс“, како и анкетата на „Еј-Би-Си њуз“, „Вашингтон пост“ и „Ипсос“, не анкетирала доволен број од неговите гласачи, иако тој не обезбеди докази за тоа тврдење, објави „Ен-Би-Си њуз“.

Тој рече дека оние што ги спроведоа анкетите „треба да бидат испитани за изборна измама“, наведувајќи дека тие биле „негативни криминалци“ и „непријатели на народот“.

Како што се приближува кон крајот на неговите први 100 дена на функцијата, популарноста на претседателот Трамп опаѓа, при што повеќето граѓани не ги поддржуваат неговите клучни иницијативи и постои перцепција дека неговата администрација се обидува да избегне почитување на наредбите на федералниот суд, според анкетата на „Вашингтон пост“, „АБЦ њуз“ и „Ипсос“ објавена во неделата.

Половина од Американците се незадоволни од работењето на претседателот Доналд Трамп во текот на неговите први 100 дена на функцијата, според втора анкета на Центарот за истражување на јавни работи на Асошиејтед Прес/НОРЦ, објавена во саботата.

Слични содржини