Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

од Milan1
28 прегледи

Белата Куќа потврди дека вкупната царина за кинески стоки сега е 145 проценти и дека стапката стапува во сила веднаш.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вчера објави дека царините за Пекинг ќе се зголемат на 125 отсто како одговор на, како што тврди, нефер кинеските трговски практики.

Сепак, Белата куќа денеска појасни дека бројката не ја вклучува постојната царина од 20 отсто, која Трамп ја наметна во првите недели од неговиот втор мандат поради неуспехот на Кина да го спречи протокот на фентанил.

Вкупната стапка од 145% е над сите други тарифи што беа во сила пред враќањето на Трамп во Белата куќа, кои се разликуваат според типот на производот.

Да потсетиме дека вчера Трамп ги паузираше повеќето од своите глобални царини со воведување стандардна стапка од 10% на увозот од речиси сите земји. Главен исклучок, секако, останува Кина, која на Америка и одговори со тарифна противмерка од 84 отсто.

Слични содржини