Трамп го „изневери“ Додик: „Можеби не можеше“

од Илинка Илиоска
656 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека му посакува победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Во интервју за Јерусалим пост, тој потсети дека го поддржувал поранешниот американски претседател за време на кампањата во 2016 година.

„Знаеме, како и тој, дека за него гласале мнозинството Срби кои живеат во САД. Бев поканет на неговата инаугурација“, изјави Додик.

Сепак, Додик потсети дека во 2016 година поднел барање за виза до американската амбасада во Босна и Херцеговина за да присуствува на инаугурацијата, но дека „демократската влада во Америка го ставила на списокот со санкции два дена пред неговото заминување“, и дека поради тоа не можел да патува во Вашингтон.

„Сè уште сум на списокот со санкции. Не им се лутам на САД, туку на „одметнатите“ функционери на американската влада. Можеби изгледа дека имам причина да му се лутам и на Трамп, бидејќи тој имаше четири години да ги укине санкциите што ми беа наметнати, а не го стори тоа. Можеби не можеше“, изјави Додик.

Тој истакна дека се уште се надева на победа на Трамп, за да биде „полесно да се работи со САД“.

Слични содржини