Трамп го нарече Де Ниро „патетичен лудак“: Не знаев дека е толку мал, и психички и физички

од Milan1
537 прегледи

Поранешниот претседател Трамп го нарече актерот Роберт де Ниро „патетичен лудак“ откако Де Ниро одржа прес-конференција во вторникот пред судот каде што на републиканскиот кандидат му се суди.

„Никогаш не знаев колку е мал, и психички и физички, лудиот поранешен актер Роберт де Ниро. Денес, Де Ниро, кој боледува од неизлечива состојба, пред судот го пречека многу поголема сила од радикалната левица – МАГА „Направи ја Америка повторно голема“, изјави Трамп на мрежата „Трут сошал“ (Truth Social)

Тој заклучи дека филмовите на Де Ниро не се квалитетни откако тој се приклучи на кампањата на претседателот Џозеф Бајден и оцени дека актерот изгледал „патетично и тажно“ за време на конференцијата, пренесува „Фокс њуз“.

Во вторникот, на конференцијата на Де Ниро се приклучија двајца поранешни полицајци кои беа присутни за време на упадот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

„Ние њујорчаните го толериравме кога тој беше само уште еден продавач што се преправаше во голема ѕверка. Го сакам овој град. Не сакам да го уништам. Доналд Трамп сака да го уништи не само градот, туку и земја и, на крајот, може да го уништи светот“, предупреди вчера Де Ниро.

Слични содржини