Трамп го обвини Трудо за „слаба гранична политика“ и шверц на фентанил во САД

од Milan1
11 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска во телефонски разговор му кажал на канадскиот премиер Џастин Трудо дека неговата „лабава гранична политика“ дозволила да се прошверцуваат големи количини фентанил во САД.

„За сите заинтересирани, му кажав на канадскиот гувернер Џастин Трудо дека тој предизвика многу проблеми што ги имаме со нив поради неговата слаба гранична политика, која дозволи огромни количества фентанил и илегални имигранти да влезат во Соединетите држави. Овие политики се одговорни за смртта на многу луѓе“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Трамп рече дека разговорот бил одржан на барање на канадскиот премиер во врска со царините наметнати од американската администрација за Канада.

„Џастин Трудо, од Канада, ми се јави да праша што може да се направи со царините. Му реков дека многу луѓе умираат од фентанил што доаѓа преку границите со Канада-Мексико и со ништо не ме убеди дека тоа престанува. Тој рече дека се подобрува, но јас реков: „Тоа не е доволно добро“, рече Трамп.

Според него, разговорот завршил на „донекаде“ пријателски начин.

Слични содржини