211
На шокантната изјава дека Зеленски е диктатор на неговиот поранешен шеф Доналд Трамп реши да реагира и Мајк Пенс.
Американскиот потпретседател во првиот претседателски мандат на Трамп на социјалната мрежа „X“ и одлучи да ја коментира изјавата на Трамп дека Украина ја започнала војната и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е диктатор.
– Господине претседателе, Украина не ја започна оваа војна. Русија започна брутална и неиспровоцирана инвазија која однесе стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради на вистината, напиша Пенс.