Американскиот историчар Гери Гарстел е изненаден од новото надворешно-политичкото мото на Доналд Трамп. Тоа гласи “America first” и се поврзува со срамотната познатата организација “America First Committee”, основана во 1940-пишува DW.
Гери Гарстел е професор по американска историја во британскиот Универзитет Кембриџ.
Дојче веле: надворешнополитички мото на Доналд Трамп “America first” се поврзува со создадената во 1940 година организација “America First Committee”, која има за цел да ги одржи САД настрана од Втората светска војна. Зошто оваа организација има толку лош имиџ?
Гери Гарстел : На самиот почеток организацијата воопшто дури нема лошо реноме. Некое време е дури и многу популарна и има поддршката на различни лежишта од политичкиот живот – конзервативци, либерали, левичари. Организацијата се залага главно за две работи, на прво место стои јасното спротивставување на влезот на САД во Втората светска војна. Оваа позиција која е резултат од Повикот за будење по учеството на земјата во Првата светска војна, е поврзана за возврат со втората главна цел на “America First Committee”. Тоа е вкоренето во еден стар страв на Американците, кој е заглавен длабоко во нивните умови и датира уште од првата фаза од создавањето на САД – тоа е стравот од премногу тесни односи со Европа и ангажирање со европските работи на штета на САД.
Трамп: Кина ја изнасили САД со својата трговска политика
Многу често овој став се опишува како изолационизам, но според мене тоа не е вистинскиот збор, бидејќи за САД не може да се каже дека се изолираат од светската политика. Повеќе точниот збор е унилатерализам. Односно, САД сакаат да имаат слобода на дејствување низ целиот свет, за да можат да ги заштитат сопствените интереси. Токму овој став води до создавање на “America First Committee” со цел САД да се чуваат настрана од војните во Европа.
ДВ: Но како тоа антивоеното движење се здобива со толку лоша слава?
Гери Гарстел : Некои познати поддржувачи на организацијата имаат антисемитски ставови, а и отворено изразуваат одобрение за делата на Хитлер и нацистите. Еден од нив е познатиот пилот Чарлс Линдберг, кој кон крајот на 1930-тите години се среќава со Хитлер и со други нацисти. Линдберг сосема отворено се восхитува од нивните дела, а освен тоа се залага за антисемитски позиции.
Линдберг станува член на “America First Committee” во 1941 година. И бидејќи во тоа време е една од најпознатите личности во Америка, тој брзо се претвора во гласноговорник на организацијата. Линдберг е поддржувач на идејата да се бара контакт со Хитлер со цел склучување на мировен договор. Покрај тоа, тој држи говори во кои предупредува дека одредени групи сакале да ги вклучат САД во војната во интерес на британската и на еврејската економија. При тоа нема никакви докази дека Евреите одиграле некаква улога.
Токму афинитет на Линдберг кон нацистите ја уништува не само неговата светска слава, но и имиџот на “America First Committee”. Оттогаш ниту еден американски политичар не сака неговото име да се поврзува со оваа организација. Затоа е многу чудно што Трамп ја бара оваа врска сосема свесно.
ДВ: Што зборува тоа за него?
Гери Гарстел: Не верувам дека Трамп ги симпатизира нацистите. Или дека се восхитува од Хитлер како своевремено Чарлс Линдберг. Во случајот станува збор повеќе за вештината да избира свесно провокативни слогани. Претпоставувам дури дека Трамп не знае многу за “America First Committee”, ниту пак за Линдберг. Не верувам исто така дека го сфаќа како антисемитизмот како отпорот против учеството на САД во Втората светска војна. Тој едноставно избрал еден слоган кој му се чини логичен и одговара на неговиот економски национализам.
ДВ: А дали американските избирачи се свесни од каде потекнува ова мото на Трамп?
Гери Гарстел: Мислам дека многу Американци воопшто не знаат за “America First Committee”. Но медиумите зборуваат за тоа и објавуваат нови и нови информации. Односно, многумина би требало да се веќе свесни колку штетна била организацијата “America First Committee”. Затоа сметам дека ќе пропаднат обидите на Трамп да го претстави мотото “America first” како некој безопасен патриотски слоган.

