Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

од Milan1
39 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

Зборувајќи за актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп рече дека „многу е тешко да се побара од Израел да ги запре нападите“, што претходно го повика Иран да го стори.

„Европа нема да може да помогне во овој момент“

Тој, исто така, тврдеше дека Иран „не сака да разговара со Европа“, но „сака да разговара со нас“.

„Европа нема да може да помогне во овој момент“, рече американскиот претседател.

На прашањето дали одлуката за можен напад врз Иран е најтешката што ќе мора да ја донесе како претседател, Трамп одговори: „Не би можел да ви го кажам тоа сега. Ќе ви кажам за околу една година… таквите одлуки никогаш не можат да се знаат однапред“.

Можноста за прекин на огнот „во зависност од околностите“

Тој додаде дека „можеби“ би поддржал прекин на огнот меѓу Израел и Иран – „во зависност од околностите“.

„Во ваков конфликт, не е лесно да му кажеш на некого да престане“, рече тој.

„Мислам дека Израел се справува многу добро во оваа војна, а Иран се справува малку помалку добро“, заклучи Трамп.

Слични содржини