Бизнисменот републиканец Доналд Трамп останува во добрите позиции во трката за номинација на неговата партија за претседателски кандидат на САД и покрај неговите скандалозни говори.. Тоа го покажуваат денеска објавените анкети, цитирани од Франс прес. Во внатрешнопартиската трка на Републиканската партија на која учествуваат 16 кандидати.Гласањето започнува во февруари 2016 година во државите Њу Хемпшир и Ајова.

Според анкетата на телевизијата Ен-Би-Си и институтот Марио Трамп има 21 процент поддршка меѓу гласачите во Њу Хемпшир, претекнувајќи го Џеб Буш, кој е со 14 проценти и гувернерот на Висконсин Скот Вокер со 12 проценти. Во Ајова води Вокер со 19 проценти, но Трамп е блиску до него со 17 проценти.Првиот голем настан од внатрешнопартиската трка ќе е телевизиска дебата на 6 август, во која може да учествуваат десетте кандидати со најдобар рејтинг меѓу гласачите.
Според анкетата на телевизијата Си-Ен-Ен 52 проценти од испитаниците републикански гласачи сакаат Трамп да остане во трката за партиската номинација, додека 33 проценти се надеваат тој да биде елиминиран, а 15 проценти би сакале тој да се појави на претседателските избори во ноември 2016 година како независен кандидат. Сепак 40 отсто од избирачите од сите политички ставови сметаат дека конечно кандидатот на Републиканската партија ќе биде Џеб Буш, 18 проценти се на тоа мислење за Доналд Трамп, а 11 проценти – за Скот Вокер.
Истиот избор за кампот на демократите покажува доста помалку тензии – 76 проценти од избирачите сметаат дека Хилари Клинтон ќе ја добие номинацијата на Демократската партија, а 9 отсто – најблискиот нејзин ривал Берни Сандерс. Најдобри резултати на 69-годишниот бизнисмен го потврдуваат трендот од претходните анкети, дури и по неодамнешната изјава на Трамп за републиканецот Џон Мекејн. Трамп се изрази потценувачки за Мекејн, кој бил заробен и измачуван во Виетнам, велејќи: “Тој не е херој. Му се допаѓаат луѓето кои не биле заробени.” Овие зборови предизвикаа бура од негодување во земја која ги почитуваа своите војници, но се вклопува во вообичаениот јазик на Трамп на адреса на неговите конкуренти, наречени “апсолутна категорија пердув” или “тапанар”. Трамп уште во својот говор за кандидирање додаде дека мексиканските имигранти се криминалци и силувачи, забележува АФП.