Трамп јуниор фатил корона

од Vladimir Zorba
708 прегледи

Најстариот син на се уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп јуниор е позитивен на коронавирус, објавија светските медиуми.

„Дон беше тестиран на коронавирус на почетокот на неделата и оттогаш е во самоизолација“, рече портпаролот, пренесе Си-Ен-Ен.

„Досега тој беше целосно асимптоматски и ги следи сите препорачани упатства за Ковид-19“, додаде тој.

Така, Трамп јуниор стана најновата личност која е позитивна на Ковид-19 и е блиска до претседателот.

Во последните месеци, покрај претседателот Трамп, позитивни за коронавирусот беа и неговата сопруга Меланија, најмладиот син Барон (14), началникот на кабинетот Марк Медоус и бројни негови соработници во Белата куќа.

Досега 26 членови на Претставничкиот дом и 10 сенатори беа позитивни или се сметаа за позитивни од почетокот на пандемијата.