Трамп му наредил на Кадлоу да најде начин САД да се вратат во пацифичкиот трговски блок

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отворил можноста САД сепак да бидат дел од Транс-пацифичкото партнерство (ТПП), џиновскиот трговски блок на земјите кои излегуваат на Пацификот.

Трамп нареди повлекување од преговорите за ТПП, како дел од неговата кампања за заштита на американската индустрија од странска конкуренција. Но, при неодамнешен состанок во Белата куќа, Трамп му наредил на својот нов економски советник Лери Кадлоу да изнајде начин како САД сепак може да се вратат во договорот. Двајца сенатори од Републиканската партија кои присуствувале на состанокот ја потврдија оваа вест за „Вашингтон пост“.

Трамп жестоко го критикуваше неговиот претходник Барак Обама за договорот, и нареди повлекување од ТПП уште на почетокот на својот мандат. Земјите – членки на ТПП најавија дека ќе продолжат со своите преговори и со укинувањето на меѓусебните пречки во трговијата дури и без САД./МИА

Слични содржини