Трамп му се закани на Иран доколку Хутите продолжат со нападите

од Milan1
144 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска експлицитно ги поврза акциите на јеменските бунтовници Хути со нивниот главен покровител Иран, предупредувајќи го Техеран дека ќе се соочи со последици доколку Хутите повторно нападнат.

Опишувајќи ги Хутите како „злобни мафијаши и насилници“, Трамп предупреди дека секој напад од оваа организација ќе биде пречекан со „голема сила“ и дека „нема гаранција дека силата ќе запре таму“.

„Иран играше „невина жртва“ на непријателските терористи над кои ја изгубил контрола, но тие не ја изгубија контролата. Тој им го диктира секој чекор, ги снабдува со оружје, им дава пари и високо софистицирана воена опрема, па дури и таканаречена „разузнавачка“, напиша американскиот претседател.

Изјавата на Трамп преку социјалната мрежа „Вистина“ (Truth Social) претставува ескалација на воената кампања на неговата администрација против Хутите, кои убиле најмалку 53 лица во воздушни напади само оваа недела и која најверојатно ќе продолжи.

Не е јасно што ја предизвикало објавата на Трамп.

Во текот на викендот, шефот на иранската револуционерна гарда се обиде јасно да го одвои она што го прават Хутите од она што го прави Техеран.

Хутите со проектили го нападнаа американскиот носач на авиони „Хари С Труман“, но не предизвикаа никаква штета.

Во меѓувреме, Иран сè уште размислува како да одговори на писмото на Трамп испратено до раководството на земјата со намера брзо да започне преговори за напредната нуклеарна програма на Техеран.

Поддржувачите на Хутите се собраа денеска во неколку градови во Јемен по американските напади, ветувајќи одмазда против САД и Израел за блокирањето на хуманитарната помош наменета за Газа.

Слични содржини