Трамп на голф, светот во хаос: Царините збришаа 6000 милијарди долари

од Milan1
47 прегледи

Обама еднаш беше осудуван затоа што играше голф наместо да работи, а што прави претседателот Доналд Трамп во деновите откако започна трговска војна со целиот свет? За три дена игра голф на три терени.

Додека Америка и светот ја бројат штетата од неговите неконтролираното царини, Доналд Трамп ги посетува своите терени за голф. Дури три терени за три дена, пишува утринава Волстрит журнал во статија која звучи како модерна верзија на старата народна изрека: „Селото гори, а баба се чешла“.

Во четвртокот, тој вечерал со играчите на голф турнирот ЛИВ на прослава по повод отворањето на тридневното натпреварување во Националниот голф клуб Дорал Трамп. Во петокот, пишува „WSJ“, тој поминал скоро шест часа во неговиот втор голф клуб, „Трамп Интернационален голф клуб Вест Палм Бич“. Во саботата, тој играше на турнир во неговиот трет клуб во градот Јупитер, во близина на Палм Бич, Флорида. Велат дека го освоил тој турнир. На својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“ објави видео од 7 секунди, на кое се гледа како удира со топката на ветровито време, а по ударот, еден од толпата коментира: „Убаво“. За тоа време, берзите во Америка, Европа, Азија и насекаде низ светот реагираат на царините на Трамп на секој можен начин освен „убаво“.

Токму Доналд Трамп често го критикуваше Барак Обама кога тој како претседател играше голф додека се одвиваа настани на кои, според Трамп и неговите критики, Обама требаше да биде посветен.

Податоците собрани од новинарот Марк Нолер, а цитирани од „WSJ“, покажуваат дека во првите 11 недели од вториот мандат во Белата куќа, Трамп патувал дури 8 пати во Мар-а-Ларго, Флорида. Дури 19 пати посетил терени за голф.

Во петокот тој не се појави на погребот на четворицата паднати американски војници, чии мртви тела беа донесени од Литванија во воената база во Делавер, каде на соодветната церемонија наместо претседателот присуствуваше министерот за одбрана Пит Хегсет. Тој ден, претседателот Трамп се појави на донаторска вечера во Мар-а-Ларг, каде што едно место на масата плати 1 милион долари во донации на „MAGA Inc“, која се поврзува со финансирњето на кампањата на Трамп.

Слични содржини