Трамп најави царини од 50 проценти за земјите што го снабдуваат Иран со оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека воведува царини од 50 проценти за сите држави што продаваат оружје на Иран

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ПОЛИТИКО

Доналд Трамп тоа го напиша на својата социјална мрежа, откако беше објавено дека САД, Израел и Иран се согласиле на двонеделно примирје во војната на Блискиот Исток, која започна со американско-израелските напади врз Иран.

„Секоја земја што го снабдува Иран со оружје ќе биде веднаш оданочена со царина од 50 отсто на сите производи што ги продава во Соединетите Американски Држави, со моментално стапување во сила. Нема да има исклучоци ниту ослободувања“, напиша тој.