23
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека за време на неговиот мандат, САД ќе испратат свои астронаути на планетата Марс. Зборовите на Трамп за астронаутите на Марс предизвикаа воодушевување кај милијардерот Илон Маск.
Тој нагласи дека веднаш ќе прогласи вонредна состојба во однос на изворите на енергија.
„Повторно ќе бидеме богата нација, а течното злато под нашите нозе ќе ни помогне да го направиме тоа“, рече Трамп за време на неговиот говор за време на церемонијата на инаугурација во Капитол.
Трамп рече и дека, наместо да ги оданочуваат американските граѓани, САД ќе почнат „да ги оданочуваат странските земји за да ги збогатат американските семејства“.