Трамп направи гаф, гo помеша Бајден со Обама

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше исмеан од корисниците на социјалните мрежи, вклучително и двајца негови политички ривали, откако ги помеша актуелниот и поранешниот претседател Џозеф Бајден и Барак Обама за време на предизборниот митинг во Њу Хемпшир.

Трамп, републиканскиот фаворит за претседателска номинација во 2024 година, одржа говор во Клермонт, Њу Хемпшир во саботата „збунет“ околу тоа кој е моментално во Белата куќа, објави „Newsweek“.

Иако Трамп точно го идентификуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого претходно го нарече „лидер на Турција“, тој потоа им рече на поддржувачите дека унгарскиот лидер побарал оставка на Обама пред неколку недели.

Откако го пофали Орбан како „многу моќен“ лидер, Трамп рече: „Тие го интервјуираа (Орбан) пред две недели и рекоа: „Каков совет би му дал на претседателот Обама? Целиот свет се чини дека експлодира и имплодира?“ И тој рече: „Многу е едноставно. Треба веднаш да поднесе оставка, а да го заменат со претседателот Трамп, кој го чуваше светот безбеден“.

Гафот доаѓа само неколку дена откако Трамп беше исмејуван поради забелешките за Северна Кореја, кога го погрешни бројот на населението во земјата.

Прашањето за возраста стана честа тема во претседателската трка во 2024 година, со 80-годишниот Бајден и 77-годишниот Трамп како веројатни кандидати.

И Бајден и Трамп се соочија со јавен потсмев поради серија гафови во последниве месеци.

Слични содржини