Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил целосно објавување на досиејата поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди претходно оваа недела.
Тој рече дека сите податоци се објавени, дури и нередактираните броеви за социјално осигурување на починатите лица, бидејќи знаел дека ќе има прашања зошто некои податоци не се обелоденети, пренесува Си-Ен-ЕН.
Документите беа објавени во вторникот вечерта на веб-страницата на Националниот архив, а на истражувачите ќе им треба време да проучат повеќе од 2.000 досиеја, кои се идентификуваат само со бројки без описи.
Трамп, сепак, призна дека е малку веројатно дека ќе има некои големи откритија.
„Мислам, знаете, ние навистина немаме што да криеме. „Мислам дека нема ништо шокантно, но ќе мора да дојдете до тој заклучок“, рече Трамп.