Трамп: Не сум му понудил ништо на Иран, не сум Обама

од Milan1
10 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес истакна дека не понудил ништо на Иран и дека “воопшто не разговара” со иранското раководство.

„Не му нудам ништо на Иран, за разлика од поранешниот претседател Барак Обама, кој им даде милијарди долари, за договорот од 2015 година познат како JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) потпишан од неколку земји. Јас дури и не разговарам со нив, бидејќи целосно ги уништивме нивните нуклеарни објекти.”, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл”.

Пред три дена, тој предупреди дека САД недвосмислено ќе извршат дополнителни напади врз Иран, доколку државата збогати ураниум до степенот потребен за изработка на нуклеарно оружје.

 

Слични содржини