Трамп, ова не е ниту Израел ниту Иран за тебе: Русија се закани со војна ако Америка не се повлече

од Весна Петровска
27 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да постави ултиматуми до Москва претставуваат директна закана што може да доведе до конфликт меѓу Русија и САД.

– Трамп си игра со ултиматуми со Русија: 50 дена или 10. Треба да запамти две работи: Русија не е Израел, па дури ни Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо! – напиша Медведев на мрежата X (твитер).

Трамп го скрати рокот за прекин на огнот

Трамп претходно објави дека го намалува рокот од 50 дена што претходно го постави за примирје меѓу Москва и Киев на само 10 до 12 дена, наведувајќи недостаток за  напредок во преговорите. Тој додаде дека наскоро ќе ја објави официјалната одлука.

Исто така Трамп се се закани со секундарни санкции и воведување царини за земјите што купуваат руска нафта и гас доколку не се постигне мировен договор. Трамп прецизираше дека овие мерки би можеле да вклучуваат царини од 100 проценти, но се уште се разгледува тоа сценарио.