Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека мисли оти ќе му биде полесно да ја победи демократската кандидатка Камала Харис отколку претседателот Џо Бајден, иако некои анкети покажуваат дека таа има мала предност во претседателската трка на 5 ноември, пренесоа британските медиуми.
Поранешниот претседател Трамп ги даде забелешките на митингот во Вилкс-Баре во североисточна Пенсилванија.
Потпретседателката Харис, пак, ќе направи автобуска обиколка на Западна Пенсилванија, која ќе започне денеска во Питсбург, пред утре да започне Демократската национална конвенција во Чикаго.
-Мислам дека таа ќе биде полесно да се победи од него, рече Трамп, нарекувајќи ја Харис „радикална“ и „луда“.
Тој, исто така, продолжи лично да ја напаѓа Харис, иако некои политички аналитичари велат дека ваквите коментари може да му наштетат на Трамп меѓу гласачите.