17
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека медиумските наводи дека САД и Израел работат на претворање на Иран во „парампарче“ се многу претерани, наведувајќи дека тој се залага за нуклеарен мировен договор со Техеран.
„Сакам Иран да биде одлична и успешна земја, но не смее да има нуклеарно оружје. Наводите дека САД, во соработка со Израел, сакаат да го претворат Иран во „парампарче“ се многу претерани. Повеќе би сакал да имам нуклеарен мировен договор што ќе му овозможи на Иран да расте и да се развива во мир. Треба веднаш да почнеме да работиме на ова, да има голема мировна прослава на Блискиот Исток кога сето ова ќе заврши. Господ да го благослови Блискиот Исток“, напиша Трамп на својот Твитер профил.