Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Русија мора да преземе мерки во врска со прекинот на огнот во Украина.
„Русија мора да се придвижи. Премногу луѓе умираат, илјадници неделно, во ужасна и бесмислена војна… Војна што никогаш не требаше да се случи, и немаше да се случи, ако јас бев претседател“, напиша Трамп на својот Твитер профил.
Во меѓувреме, западните сојузници на Украина денес се согласија за рекордни 21 милијарда евра воена поддршка за Киев на состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина во Брисел.
Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, денес отпатува во Русија на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп претходно објави дека официјалните лица, меѓу другото, ќе ги разгледаат информациите дека кинески платеници се борат заедно со руските сили против Украина.